Поради Косово побегна од Вардар, сега со Работнички ќе му биде ривал на лидерот

Вардар и Работнички ќе играат чудно локално дерби денеска од 14 часот, без публика поради коронавирусот и со тренер што ги врзува двете екипи на необиечн начин.

Ратко Достаниќ за кус период успеа да ја сопре големата криза кај „романтичарите“, иако битката за опстанок се уште трае, а пред една деценија на чуден начин победгна од Вардар и од Македонија.

Тогаш од политички причини искусниот српски стратег си замина, а причина беше признавањето на Косово од страна на нашата држава.

Вардарци тогаш се шегуваа со прекарот Кратко Останиќ, но дека се работи за одличен тренер, 60-годишниот стратег потврди во само два меча како кормилар на Работнички. Најпрво успешно беше мината Струга, а потоа со пресврт романтичарите славеа и проитв Шкупи.

Вардар е посебна приказна во оваа сезона и е вистински хит. Големата финасиска криза и забраната за трансфери воопшто не се чувствува во таборот на најтрофејниот и најпознат македонски клуб, па „црвено-црните“ сигурно газат кон нова титула. Имаат 10 бода предност пред Шкендија и 11 повеќе од Силекс и ако успеат да го победат градскиот ривал Работнички ќе бидат уште еден чекор поблиску до пехарот.

Од 14 часот денеска ќе играат и Струга Трим Лум со Силекс, а за утре во истиот термин се закажани и дуелите Шкендија – Македонија Ѓ.П., Академија Пандев – Борец и Шкупи – Ренова.

 

- Оглас -

Најнови вести