Макс Ферстапен триумфираше на трката за големата награда на Монако, и го зголеми водството во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот.
Пилотот на Ред Бул беше на пол-позиција, и после добриот старт, од почеток до крај на трката беше во водство. Во Монте Карло заврна дожд среде трка, со тоа порасна возбудата, пилотите со гуми за суво имаа проблеми, но немаше промени во редоследот на првите тројца.
Оние што беа на второ и трето место на стартот, Фернандо Алонсо односно Себастијан Окон, низ целта минаа еден зад друг и го комплетираа подиумот.