Драган Начевски привремено суспендиран од ЕХФ, осомничен е за „матни“ работи

Европската ракометна федерација, ЕХФ, објави соопштение во кое информира дека Драган Начевски е привремено ослободен од обврските и должности како член за судење во Натпреварувачката комисија на ЕХФ.

Начевски е ослободен по пријава во ЕХФ од страна на данската ТВ2, која го поврзувала со наводно местење натпревари. Според телевизијата, во јануари 2020 година имало состанок на Начевски со наводен бизнисмен кој се преправал дека сака да внесе кинески клуб во СЕХА-лигата.

Од средбата имало и видео и аудиоснимка, а се спомнувало и местење натпревари. Начевски не сакал да учествува во местење, но не се дистанцирал целосно и со тоа испратил погрешни сигнали како за некој што врши техничка функција. Имало и анонимна пријава од екссудија дека Начевски преку друго лице барал од него да манипулира со еден меч.

Од ЕХФ додаваат дека Начевски не е одговорен за номинирање на судии за натпреварите под капата на ЕХФ.

Некогашниот македонски судија и делегат во писмото до ЕХФ негирал дека учествувал во какво било местење натпревари.

Информациите од телевизијата не се целосно проверени, па затоа и Начевски е привремено ослободен од функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести