Драма на „Енио Тардини“: Интер за три минути го поништи слаломот на Жервињо (видео)

Интер со пресврт од 2-1 успеа да ја совлада Парма за 18-та победа во Серија, втора по продолжувањето на сезоната. Гостите од Милано во завршницата од средбата стигнаа до посакуваното водство и трите бода, дефанзивците Де Вреј и Бастони го спасуваа составот на Антонио Конте.

Жервињо ја предводеше Парма во воведните минути и погоди за 1-0 откако лесно се ослободи од Кандрева и си изгради простор за прецизен удар.

https://twitter.com/EmptySerieA/status/1277331936827105284

Следуваше драма во финишот од средбата, Интер со многу мака израмни на 1-1 во 84-тата минута, а моменти подоцна Парма остана со играч помалку на теренот.

 

https://twitter.com/EmptySerieA/status/1277354319029903361

Исклучувањето на Куцка влијаеше врз домаќините, Интер искористи да притисне за пресврт и го доби преку Бастони во 87-мата минута.

https://twitter.com/EmptySerieA/status/1277355126970372096

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести