Драма што траеше над 100 минути во Салерно – Калјари се спаси од пораз со гол во 99 минута

Дранатично беше дербито за опстанок во Салерно што траеше над 100 минути, а Калјари ја шокираше Салернитана со гол за израмнување на 1:1 во 99 минута.

Џорџио Алтаре погоди за спас на Калјари во последните моменти од долгото судиско продолжение, откако во 68. минута Симоне Верди им донесе многу радост на домаќините со водечки гол од пенал.

Потоа беше бурно на теренот, а исклучени беа Рибери кај Салернитана и Радуновиќ кај гостите, и двајцата како резервни играчи.

Салернитана прокоцка чиста победа со која ќе беше на прагот на опстанок во Серија А. И сега се над зоната за испаѓање со 30 бода, пред загрозените Калјари со 29, Џенова со 28 и Венеција со 25 на две кола до крајот на првенството.

Од Првата лига ќе испаднат трите најслаби екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести