Драма во Фиренца: Фиорентина беше на прагот на пораз, но се спаси на сила (видео)

Фиорентина и Џенова мораа да ги поделат бодовите со оглед на тоа дека на „Артемио Франки“ немаше погодоци дури до 89-тата минута од мечот. Драмата во Фиренца заврши со сосема неочекуван исход од 1-1, иако во дополнителното време гостите влегоа со предност.

https://twitter.com/goal4335/status/1336064694071812099

Голот на Пјаца во 90-тата минута, го поништи Миленковиќ по истекот на шесте минути плус, дури по третиот обид во мешаницата по последниот прекин на мечот.

https://twitter.com/goal4335/status/1336062768575864833

Меѓутоа драмата почна дваесетина минути претходо. Составот на Прандели во 70-тата минута успеа да ја пробие одбраната на гостите и да постигне можеби одлучувачки погодок, но истиот не се призна поради голема глупост токму на стрелецот Бонавентура. Ситуацијата можете да ја видите ТУКА.

Поранешниот член на Милан направи фаул во напад десетина секунди пред акцијата да заврши со лесна реализација. Судијата Довери не ја прекина играта во моментот кога Бонавентура намерно го турна противничкиот играч на земјата, туку остави акцијата да заврши. Потоа со помош на ВАР судијата утврди прекршок во напад и го поништи погодокот на Фиорентина.

Џенова останува во зоната за испаѓање со 6 бода на табелата, Фиорентина е пред неа со девет бода по 10 одиграни во Калчото.

 

- Оглас -

Најнови вести