Драма во Холандија, Ајакс киксираше, и нема денеска да стане шампион

Ајакс одигра само 2-2 на гостувањето кај АЗ Алкмар, и испушти прилика можеби уште денеска да стане шампион на Холандија за сезоната 2021/2022.

Копјаниците поведоа со 1-0, но во второто полувреме примија два, и на крај се спасуваа од пораз. Алварез во 86-та минута спречи пораз на Ајакс.

Математиката кажуваше дека Ајакс со победа над АЗ Алкмар, можеше денеска да стане првак, ако и ПСВ Ајндховен загуби од Феенорд. Вака, ПСВ има шанса со победа во дербито во Ротердам, да му се доближи на лидерот на само два бода негатива, на две кола до крај.

- Оглас -

Најнови вести