Ханза ја чека неверојатен предизвик, најблиското гостување ќе им биде 400 километри

Екипата на Ханза Росток ќе има сериозен проблем во новата сезона во третата германска лига. Ханза е град кој се наоѓа на североистокот на Германија и речиси секој натпревар на гости ќе биде вистинско патешествие.

Според екипите кои ќе бидат дел од лигашкиот дел во следната сезона најкраткиот пат на гостински терен за Ханза ќе биде дуелот на гости во Мепен, кој е оддалечен повеќе од 400 километри. Делува неверојатно, но тоа би било најкраткото гостување за Ханза. Сите останати екипи се многу подалеку.

Едноставно Ханза географски е „отсечена“ од останатите клубови во третата лига. За клубот и тимот, ова значи повеќе патувања, повеќе логистика и повеќе напор, но за навивачите тоа е уште поголем предизвик.

Сепак, пораката од трибините кажува сè: „Подготвени сме за Ханза, без разлика колку е тажна, без разлика колку е далеку“.

Постои можност ситуацијата малку да се промени доколку Локомотив Лајпциг обезбеди место, па тогаш најкраткото гостување ќе им биде околу 390 километри. Како и да е, фудбалерите на Ханза треба добро да се подготват да пропатуваат неколку десетици илјади километри на гостувањата за да ја одиграат следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести