19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Драма во Купот на Германија: Бранителот на трофејот одигра реми со осум гола, па се спасуваше на пенали (Видео)

Вистинска драма се одигра синоќа во меч од 1/32-финалето на германскиот Куп. Бранителот на трофејот, Штутгарт, гостуваше кај второлигашот Брауншвајг, а мечот во регуларното време заврши 3-3, додека во продолженија и двете екипи постигнаа уште по еден гол за конечни 4-4, па се премина на изведување на пенали.

Домашните промашија во втората и третата серија, додека гостите во третата и четвртата, па за да се добие патникот во следната рунда мораа да се шутираат дури 20 пенали, односно 10 серии.

На крајот Штутгарт беше екипата која продолжува во 1/16-финалето откако Брауншвајг промаши во 10-тата серија.

 

- Оглас -

Најнови вести