Драма во Мелбурн: По последниот поен во финалето, падна и мораше да биде одведен со количка (Видео)

Американскиот тенисер Бруно Кузухара е победник на јуниорскиот турнир на Австралија опен, откако по голема борба, со 7:5, 6:7, 7:5 го победи Јакуб Меншик од Чешка. Дуелот траеше три часа и 45 минути, а но мечот, Меншик беше току многу исцрпен што само падна на теренот и не можеше да стане.

Чешкиот тенисер беше на сервис, но на последниот поен имаше две сервис грешки и потоа падна. Во претпоследниот поен, имаше дури 33 размени на ударите, а и тогаш Меншик покажа колку е исцрпен и само што заврши топј поен, падна на земја да одмори.

https://twitter.com/i/status/1487315207613558786

Победникот Кузухара се покажа како вистински спортист и веднаш притрча да види дали противникот е добро. Лекарските екипи реагираа и со количка го изнесоа изнемоштениот тенисер надвор од теренот.

Првиот Гренд слем турнир за оваа сезона треба да утре со мечот од финалето во машка конкуренција меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.

- Оглас -

Најнови вести