За малку ќе имаше Ковид автогол – Драма во Риека, тројца играчи едвај влегоа на стадион

Риека имаше неочекувани проблеми пред мечот со Реал Сосиедад, а на тројца фудбалери првично не им било дозволено да влезат на стадионот, поради покачена телесна температура.

Франко Андријашевиќ, Домагој Павичиќ и Жоао Есковал останале зачудени, бидејќи немаат никакви симптоми на Ковид-19, но мерачот покажувал дека имаат повисока температура, па им било кажано дека не можат да влезат на стадионот.

Сепак при повторното мерење се покажало дека играчите се во право и се најдоа во стартната постава за дуелот на својата Риека против Реал Сосиедад.

За хрватскиот претставник стартер е и нашиот репрезентативец Дарко Велковски, а по првото полувреме немаше голови.

 

- Оглас -

Најнови вести