Драма во Серија А – Наполи за седум минути прими три гола ѝ и кажа „чао“ на титулата

Наполи и дефинитивно отпаднува од трката за титулата во Серија А, откако денеска загубија од Емполи со 3:2 во меч од 34-то коло.

Тимот од Неапол имаше водство од 0:2 со головите на Дрис Мертенс (44′) и Лоренцо Инсиње (53′), но, Андреа Пинамонти (83′, 87′) и Лајаон Хендерсон (87′) донесоа голема радост за домашниот тим.

Елиф Елмас поради повреда не настапи на денешната средба.

Наполи останува трет со 67 бодови додека Интер е прв со 72, а Милан со 71 бод но и двете екипи имаат еден меч помалку. Емполи со оваа победа дојде до 37-от бод и се искачи на 14-то место.

Во вториот меч од 15 часот, Болоња и Удинезе одиграа 2:2.

- Оглас -

Најнови вести