Каква трка и луда трета етапа – Тројца обложувачи погодија по 44 натпревари, во фото-финиш Даниел од Велес си доби шампионски 100.000 денари

Даниел Мицалинов од Велес е победник во третата етапа на многу популарната игра на Sport Life „До 50 шанси за 100.000 денари“, а трката беше највозбудлива досега, со тројца обложувачи со ист број на погодени натпревари, по 44.

Одлучи најголемиот коефициент на погодени натпревари од неверојатни 2.129.372,12 кои му донесоа награда од 100.000 денари на Дејан во мртва трка со Цветан Крстески и Билјана Крстеска.

Цветан кој е втор со подобар вкупен коефициент од Билјана си доби ваучер од 25.000 денари што ќе го искористи за пазарење во „Техномаркет“, а за третото место Билјана ќе има можност да користи ваучер од 200 денари секој ден во ист месец.

ПО ВЕЛЕШКА ЛИНИЈА НАВИВА ЗА БОРЕЦ, ЗА СРЕЌА НА ДАНИЕЛ ДВЕТЕ УТКИ НА ДУЕЛИ ВО МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО НЕ ВЛИЈАЕА НА КОНЕЧНИОТ ПЛАСМАН

Интересно за шампионот во третата етапа е што на тикетот од 50 пара промаши две двојки од македонското првенство, но за негова среќа тоа не влијаеше на конечниот пласман, па Даниел е добитникот на вредната награда од 100.000 денари.

„Обично не играм натпревари од македонското првенство, но секогаш кога правам тикет со 50 натпревари одам по редослед според почетокот на натпреварите.

Мечевите од домашното првенство во неделата се играа од 14 часот, па одлучив да одиграм 1-1 на Шкендија против Вардар и промашив, а не успеав да погодам ниту единица на Шкупи против Академија Пандев. Во претходното коло го гледав Шкупи и одиграа слабо, па си помислив дека сега ќе победат, бидејќи се борат за титула. Следам македонско првенство, по велешка линија навивам за Борец, но на тикетот што ми донесе 100.000 денари се покажав како слаб прогнозер за нашата лига. За среќа не влијаеа на конечниот епилог што ми ја донесе најголемата добивка досега“ вели Даниел.

ВЕРЕН ФАН Е И НА SPORT LIFE, ПРЕД 10 ГОДИНИ СО НЕДОБИТЕН ТИКЕТ СИ ДОБИ ФОТО АПАРАТ

„Играм секој ден во Sport Life, но не уплаќам многу. До 100 денари најмногу, а секако редовно ги играм тикетите со 50 пара. Тоа ми е како ритуал, прво го правам тој тикет, а потоа ми е полесно и да одиграм комбијнација со помалку двојки. Оваа награда од 100.000 денари ми е најголема, откако се обложувам. Обично играм за помали суми, а највредната добивка досега ми беше околу 20.000 денари.

Пред десеттина години имав среќа во извлекување на недобитни тикети во Sport Life да се најдам меѓу добитниците, а наградата беше Фото апарат.

Ги следам будно сите акции на обложувалницата и ги играм сите нови и стари игри. Бонусот е одличен, едвај чекав Sport Life повторно да ја врати играта „До 50 шанси за 100.000 денари“ и ми се посреќи овојпат. Трката беше многу драматаична и иако цела недела во третата етапа имав најмногу погодени натпревари и бев на врвот, продолжив да играм за да се обидам да погодам повеќе од 44 натпревари.

И сега сум учесник во популарната 50-ка, но во тековната четврта етапа максимумот засега ми се 37 погодени натпревари“, раскажува шампионот од Велес.

РЕАЛ МАДРИД МУ Е КОНСТАНТА НА ТИКЕТИТЕ, ГИ САКА ИГРИТЕ НА ГОЛОВИ

„Од странските клубови навивам за Реал Мадрид и кога игра кралскиот клуб постојано  ми е на тикетите. Ретко играм системски тикети и не сакам да прогнозирам конечни исходи. Најдобро ми оди со игрите на голови, а ги има многу во Sport Life.

Изборот е одличен, има голем спектар на игри со голови, а често знам да одиграм Т1 2+, Т2 2+, вкупно голови во полувремиња, но омилени комбинации ми се двете со голови во двете полувремиња. Нема ден да не одиграм тикет со неколку натпревари на кои типувам 1-3I&1-3II и 1-2I1-2II. На овие комбинации и со уплата од 20-30 денари има убави добивки.

Секогаш играм за уживање и затоа добивките не се големи на тикетите што ги играм секој ден. Мојот рецепт е скромно, но сигурно, а за добивка секако треба да те послужи и среќата. Во четвртокот не беше на мојата страна, бидејќи го промашив само Манчестер јунајтед против Милан со тип Т1 2+ за ќар од околу 7.000 денари.

Бев на работа и не можев да го следам мечот, но потоа ја видов утката на Мегваер. Тоа е доказ дека треба да ви се насмевне и среќата за да ги погодите типуваните натпревари. Но, затоа божицата Талија беше на моја страна во третата етапа од играта „До 50 шанси за 100.000 денари.

Тој што игра и ќе добие, особено во оваа игра на Sport Life. Тука нема што да се загуби. Поради огромен вкупен коефициент на 50 натпревари уплатата е мала, само 20 денари, а може многу да се добие“, го заврши разговорот со нас шампионот на третата етапа на исклучително интересната игра што ја приредува Sport Life за своите обложувачи.

Во тек е четвртата етапа која почна празнично на 8. март, а ќе трае до 22. месецов, па и сега не е доцна да се вклучите во трката за наградата од 100.000 денари во играта „До 50 шанси за 100.000 денари“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести