Драстична казна за поранешен соиграч на Ристовски – Мартинс скапо го плаќа туркањето на судија

Желсон Мартинс скапо го плати непромислениот потег во дресот на Монако на мечот со Ним, го турна судијата Мишел Лесаж и ќе мора да паузира шест месеци.

Мартинс беше исклучен на дуелот со тимот чиј член е нашиот репрезентативец Влатко Стојановски, а интересно е што 24-годишниот португалски репрезентативец е поранешен клупски колега на Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон.

Сега игра за Монако, а реагираше непрофесионално и доби директен црвен картон за атакот врз главниот судија, па изречена му е драстична казна.

Монако на тој меч играше со деветмина играчи, откако пред Мартинс беше исклучен и Тему Бакајоко и очекувано Ним ја искористи бројчаната предност и победи со 3:1.

Желсон има 21 настап за поругалската репрезентација, а казната што му важи од шести февруари само за настапите во француското првенство може да му го загрози и местото во составот на националната селекција, која ќе ја брани европската круна на ЕП 2020 од 12 јуни до 12 јули.

 

- Оглас -

Најнови вести