Драстично ќе биде ослабена: Србија остана без капитенот и уште тројца фудбалери

Србија ќе биде ослабена на денешното гостување кај Унгарија, во меч од Лигата на нации. Откако пред неколку дена Србите загубија во финалето од баражот за пласман на Европското првенство, атмосферата во националниот тим не е на потребното ниво.

По поразот од Шкотска на пенали, репрезентацијата прво ја напушти капитенот Коларов, а потоа си заминаа и Митровиќ, Катаи и Костиќ. Причините за откажувањата се различни. Катаи се повреди против Шкотска, а Митровиќ доби поштеда. Костиќ уште претходно имаше договор да биде на располагање само за дуелот против Шкотска, а потоа да се врати во Ајнтрахт.

По четири кола од Лигата на нации, Србија има освоено само два бода и е на последното место во групата, додека Унгарија со седум бодови е во трка за првото место каде моментно е Русија со бод повеќе. Пред еден месец Унгарците успеаа да победат на гости против Србија со 1:0, па сега со право се надеваат на нови три бода.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести