Дрскиот Донарума мисли дека е безгрешен, Италијанците го потсетија со компилација киксеви (видео)

Пред синоќешниот дебакл од 5-2 од Германија, Италијанците последен пат пет гола примија во далечната 1957 година, и тоа во поразот од 1-6 од Југославија.

Еден од виновниците за големото разочарување беше голманот и капитен на Аѕурите за мечот, Џанлуиџи Донарума.

Голманот на ПСЖ во слична ситуација како во осминафиналето со Реал Мадрид не реагираше добро при пресинг на противникот и им подари гол на Панцерите, а поради тоа една новинарка не испушти прилика да го праша во што е проблемот.

Донарума смета дека е безгрешен, на споредбата со двете ситуации потенцираше дека такво нешто му се случило кога бил фаулиран од Бензема, но Италијанците со видеокомпилација го потсетија на неговите киксеви.

„Кога претходно ми се случил ваков кикс? Кога ме фаулираше Бензема? Ако сакаме да правиме контроверзи од вакви ситуации, тогаш во ред, ќе правиме. И ако сакате мене да ме обвинувате за поразот, нема проблем, не бегам од одговорности. Јас сум капитен и ќе продолжам со крената глава, а вие продолжете намерно да ги потенцирате грешките“, изјави Донарума.

https://twitter.com/M4rkPhilips/status/1536818476521820160

- Оглас -

Најнови вести