Кошаркарите на Дубаи веќе имаат предност од 2-0 во финалната серија од Јадранската АБА лига против Партизан. Екипата од Блискиот Исток славеше со 86-81 на вториот меч пред својата публика, па максимално успеа да го искористи домашниот терен.
Долго се играше израмнето, а домашните во финишот успеаја да дојдат и до двоцифрена предност. Сепак, на крајот имаше драма, но кошаркарите на Дубаи одлично се снајдоа и заслужено победија.
Серијата сега се сели во Белград, а третиот меч од финалето се игра во четврток со почеток во 19 часот.

