Дуел на титаните меѓу Јокиќ и Нуркиќ, на крајот мечот го решија судиите со една спорна одлука (Видео)

Актуелниот НБА првак Денвер нагетс го победи Феникс санс со 119:111 во меч кој го одбележа дуелот на центрите од Балканот, Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ. Статистиката покажа дека центарот на Босна и Херцеговина беше поуспешен, но на крајот повеќе причини за задоволство имаше двократниот МВП, центарот од Србија.

Нуркиќ ја има својата најдобра НБА сезона и овој меч го заврши со 31 поени за 33 минути. Центарот од БиХ одигра 33 минути и мораше предвреме да го напушти теренот поради шест лични грешки. Токму последниот фаул на Нуркиќ беше во дуел со Јокиќ и тоа е клучниот момент на мечот.

При резултат 114:111, Нуркиќ беше во напад, кога беше досуден фаул во напад, иако се гледа дека првично Јокиќ со лактот го турна Нуркиќ, но судиите останаа неми при таа ситуација. Во продолжение на акцијата, Јокиќ паѓа, а судиите судат фаул во напад за Нуркиќ и тоа шести што значеше негово исклучување.

„Досега никогаш не сум бил казнет поради коментирање на судиски одлуки, па така и сега не мислам да се мешам околу тоа“, рече Нуркиќ по мечот, несакајќи да ја коментира спорната ситуација.

Јокиќ на овој меч одигра под неговиот просек од 29 поени и на крајот средбата ја заврши со 21 поени. Сепак Србинот беше расположен за додавања и имаше рекордни сезонава 16 асистенции.

На овој меч Кевин Дурант постигна 30 поени и со тоа, тој влезе во Топ 10 најдобри стрелци во историјата на НБА лигата. Дурант сега има 27.423 поени, надминувајќи го Мозес Мелоун (24.409 поени). Дурант го надмина Мелоун и тоа со 326 помалку одиграни мечеви.

Резултати од средбите одиграни ноќеска во НБА: Орландо – Вашингтон 130:125, Бостон – Филаделфија 125:119, Далас – Мемфис 94:108, Торонто – Њујорк 106:119, Њу Орлеанс – Сан Антонио 121:106, Феникс – Денвер 111:119.

- Оглас -

Најнови вести