Дуелот на Хачанов и Корда заврши како што никој не посакуваше така да заврши

Рускиот тенисер Карен Хачанов за првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Отвореното првенство на Австралија, а противник на 18-тиот носител ќе му биде Стефанос Циципас или Јиржи Лехецка.

Хачанов водеше со 2-0 во сетови и 3-0 во третиот сет, кога Американецот со чешко потекло, Себастијан Корда, го предаде мечот поради повреда на зглобот на десната рака. Така за Корда заврши сонот дека годинава може да го повтори успехот на неговиот татко Петр, кој во 1998 година го освои Отвореното првенство на Австралија.

Корда уште во вториот сет имаше проблеми со зглобот, доби медицински третман, а се предаде во третиот, во кој освои само еден поен. За Хачанов, ова е второ полуфинале на гренслем-турнирите по ред откако се најде меѓу четворицата најдобри и на Отвореното првенство на САД.

- Оглас -

Најнови вести