Духот на Ѕампарини не го напушта Палермо – Клубот ќе биде преселен во Серија Ц?

Палермо бие битка за директен пласман во Серија А, но во најлошото, но реално сценарио кое го објавија италијанските медиуми може да биде преселен во Серија Ц.

Духот на Маурицио Ѕампарини се уште го следи клубот од Сицилија, иако тој веќе не е претседател на Палермо, а јавниот обвинител покрена истрага за финансиски малверзации.

Ѕампарини работел незаконски со парите на клубот, конечната одлука ќе биде донесена на 10. мај, но според сите индикации Палермо ќе се сели во Серија Ц, наместо во Серија А.

Такво сценарио најави реномираната „Газета дело Спорт“ за клубот чии членови се македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Клубот и моментно е ниту на небо, ниту на земја, не е решено долгорочното финансирање на Палермо, иако постојано се најавува доаѓање на стабилен спонзор и нов сопственик.

Неколкупати луѓето што раководат со Серија Б го предупредија Палермо да ја реши кризата во најкус можен рок, но работата се одолговлекува. Сега и „случајот Ѕампарини“ е нов дополнителен товар за фудбалската гордост на Сицилија, па само чудо ќе го спаси Палермо од санкции.

- Оглас -

Најнови вести