Дуплантис го урна рекордот на Бубка со скок од 6,15 метри (Видео)

Арман Дуплантис конечно успеа да го урне рекордот на Сергеј Бубка стар 27 години и скокна до нов светски рекорд на отворено, кој од вечерва во Рим изнесува 6 метри и 15 сантиметри.

На Митингот од Златната лига во Рим, Дуплантис во вториот обид летна до височина што досега е незабележана и го мина Бубка и неговиот рекорд од Донецк во 1993 година за еден сантиметар.

https://twitter.com/marca/status/1306670545069637634?s=20

Швеѓанецот сега ги држи двата светски рекорди, на отворено од вечерва со скок од 6.15, а е сопственик и на најдобриот скок со стап во сала со прескокнати 6,18 метри.

- Оглас -

Најнови вести