Последното коло во кошаркарската Евролига ќе ги реши сите дилеми околу тоа кои екипи ќе одат директно во плејофот, а кои во плејин-разигрувањето, како и кои екипи ќе имаат предност на домашен терен во четвртфиналето.
Интересно е дека нема да се играат сите мечеви во исто време, па можни се и одредени калкулации, особено на тимовите кои играат утре.

На Реал Мадрид и Фенербахче им требаат победи за да имаат предност на домашен терен во четвртфиналето, ова особено е важно за шпанскиот тим, кој дома игра неспоредливо подобро отколку на гости. Победа му треба и на Олимпијакос за дефинитивно да го запечати првото место. Ако загуби, тогаш Валенсија утре ќе има прилика да стане прва.


