-5.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Дурант го надмина Новицки, стана шести стрелец во историјата на НБА

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Кевин Дурант, го надмина Дирк Новицки на вечната листа на стрелци во историјата на НБА лигата. Ова се случи рано утрово на мечот на Хјустон со Њу Орлеанс пеликанс кој им припадна на Ракетите со 119-110.

Дурант до овие досега 31.562 поени во кариерата (во мечеви од регуларна сезона) дојде со одиграни 362 меча помалку од Новицки. Видео честитка на Дурант му испрати Германецот Новицки. Сега следна мета на Дурант е големиот Мајкл Џордан кој е петти и му бега за 731 поен.

Лос Анџелес лејкерс беше подобар од Торонто со 110-93, а долговечниот Леброн Џејмс сега може да се пофали со една луда статистика, дека играл против една третина од кошаркарите кои се појавиле во историјата на НБА. Во историјата на НБА играле 5.384 кошаркари, а Џејмс имал дуели против 1.822 од нив.

Синоќа НБА кошарка се играше и во Лондон. Мемфис го победи Орландо со 126-109.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести