Дурант повторно растура во НБА, Кајри со индијански обичај го чатеше Бостон (Видео)

Кевин Дурант повторно растура со одлични настапи во НБА и го одигра вториот и последен претсезонски меч за Бруклин нетс и покажа дека ќе биде големо засилување за тимот.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата постигна 25 поени за 27 минути игра во победата на Мрежичките против Бостон селтикс со 113:89.

Карис Леверт постигна 18 поени, а кам-бекот во „ТД Гарден“ во Бостон со 17 поени го одблежа Кајри Ирвинг.

Бекот на Бруклин се врати во градот во кој долго настапуваше и според традицијата што ја практикува заврте цел круг околу теренот со интересен ритуал. Мајката на Ирвинг, Елизабет има потекло од индијанската заедница на Сиуксите, а Кајри често присуствува на свечените церемонии на едно од најпознатите индијански племиња во Америка.

Кај домаќините најефикасен беше Џејсон Тејтум со 19 поени, а се истакна и Џејлен Браун со 16 поени.

Дурант не играше кошарка од финалето во 2019 година поради повреда, па пропушти цела сезона. Дури сега во декември ги одигра првиуте натпревари за Бруклин, екипа која со него во тимот ги доби двата претсезонски мечеви.

Интересно е што крилото на Мрежичките ќе дебитира за нив на официјален меч на стартот од новата НБА сезона токму против Голден стејт вориорс, тим за кој играше претходно.

Бруклин ќе му биде домаќин на Голден стејт на 23. декември во стартниот меч за двете екипи и премиерен дуел во новата сезона во НБА лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести