Дури 18 медали за македонските натпреварувачи од балканското првенство во Сараево

Изминатиов викенд во Сараево се одржа балканското првенство во ADCC (Абу Даби комбат клуб) кое е едно од најатрактивните натпреварувања, во боречките вештини.

На ова првенство учествуваа 17 македонски репрезентативци и имаа одличен успех. Нашите фајтери освоија 18 медали, од кои осум беа златни, осум сребрени и два бронзени.

– Ева Илиевска – златен медал во категорија +70кг и златен медал во апсолутна категорија

– Марија Мичов – златен медал во категорија -18 години +60кг и сребрен медал +18 години -60кг

– Даниела Алексовска – златен медал -18 години -50кг и сребрен медал +18 -55кг

– Томи Блажевски – златен медал 11-14 години -45кг

– Анџела Стамкова златен медал 11-14 години -45кг

– Марко Трајановски – златен медал 11-14 години +55

– Војин Таневски – златен медал +18 години -91кг

– Јорго Проја – сребрен медал 11-14 години -45кг

– Михаил Ташковски – сребрен медал 18 години -80кг

– Петар Петрески – сребрен медал -18 години +80кг

– Никола Цветановски – сребрен медал -60кг

– Христијан Чолески – сребрен медал -18 години -65кг

– Георги Прензоски – сребрен медал -18 години -75кг

– Александар Поповиќ – бронзен медал +18години – 76кг

– Стефан Пецевски – бронзен медал +18 години -91кг

- Оглас -

Најнови вести