Дури 26 членови од еден клуб заразени со корона-вирусот, но планираат да ја завршат сезоната

Неверојатни вести пристигнаа од Украина, каде што е потврдено дека дури 26 членови на фудбалскиот клуб Лвов Карпати се заразени со корона-вирусот. Според информациите, се работи за 11-мина фудбалери и дури 15-мина тренери или други членови од клубот.

Поради опасниот вирус, изминатиов викенд беше одложен дуелот на Карпати и Мариупол, но тогаш информациите велеа дека се работи за неколку заразени членови. Откако сите во клубот биле тестирани, откриено е дека бројката на заразени од корона-вирусот е дури 26 лица.

И покрај оваа пандемија во Карпати, од украинскиот тим најавија дека не планираат да се откажат од украинското првенство. Тие само побараа следните два меча да им бидат одложени за да помине периодот од 14 дена изолација, а потоа откако ќе се направат нови тестирања, здравите фудбалери ќе истрчаат на теренот.

Во Украина досега има над 24.000 заразени и повеќе од 700 починати луѓе од корона-вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести