Дури и функционерите од клубот не може да купат билет за своите семејства за најважниот меч во годината

Екипата на Шалке и градот Гелзенкирхен со посебно внимание го очекуваат викендот кој доаѓа. По три години играње во втората германска лига, некогашниот германски првак сега е пред промоција за враќање во Бундеслигата.

Во следното коло, Шалке на својот стадион „Ауф Шалке Арена“ ќе биде домаќин на Фортуна Дизелдорф, а со евентуална победа, тимот од Гелзенкирхен повторно ќе се врати да биде дел од елитното друштво за следната сезона. До крајот на сезоната има уште три кола, а на Шалке доволно му е да освои само уште три бодови и да не зависи од никого за крај на тригодишното чекање за враќање во Бундеслигата.

Огромен е интересот меѓу навивачите на Шалке за дуелот против Фортуна Дизелдорф. Според информациите, сите 62.271 билети се распродадени и веќе е речиси невозможно да се дојде до скапоценото парче хартија. Медиумите блиски до Шалке известуваат дека повеќе од 100.000 барања имало за да се добие карта за овој меч.

Се вели дека побарувачката била толку голема што дури и високите клупски функционери не можеле да обезбедат билети за своите семејства, што е нормален случај на секој друг натпревар. Постои само еден начин да се добие билет, но тоа е речиси невозможна мисија. Ако некој се откаже од купениот билет, тој се пушта во продажба, но десетици илјади луѓе веќе чекаат на платформата за купување, па тоа е исто така невозможна задача.

Натпреварот помеѓу Шалке и Фортуна ќе се игра во сабота во 20:30 часот. Од Шалке се плашат и од своите навивачи на овој меч, а зошто е тоа така, прочитајте ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести