Два бразилски клуба во борба за вечна слава и трета континентална титула

Палмеирас или Фламенго? Еден од овие бразилски гиганти вечерва од 21 часот на славниот „Сентенарио“ во уругвајската престолнина Монтевидео, ќе ја освои својата трета континентална титула во Копа Либертадорес.

Фаворит на хартија е тимот од Рио де Жанеиро, кој и во 2019 година беше првак на Јужна Америка. Зелено-белите од Сао Пауло лани беа прваци на Јужна Америка, а четири години чекаат победа над Фламенго, и ако триумфираат вечерва, ќе бидат заборавени сите порази и ремија.

Најпознато име во редовите на Палмеирас е Фелипе Мело, додека Фламенго има неколку ѕвезди, како голманот Диего Алвеш, Давид Луиз, Филипе Луис и Габриел Барбоса, познат како Габи-гол.

- Оглас -

Најнови вести