Два големи кикса беа доволни за пресврт на Дуделанж против Шкендија (Видео)

Шкендија на полувремето водеше со 1:0 против Дуделанж, но на крајот загуби со 2:1. Гостите до пресвртот и победата стигнаа благодарение на погодоците кои беа постигнати по две големи грешки на голманот Беким Реџепи.

Чуварот на мрежата на македонскиот првак имаше две несфатливи реакции, а тоа умешно го казнија гостите. Сите три погодоци на мечот може да ги погледнете на видеото и да видите на кој начин Шкендија загуби од ривалот од Луксембург.

- Оглас -

Најнови вести