Два меча со 7+, две големи изненадувања „еден во два“, без црвен картон, а дури осум пенали

Првото коло на Светското првенство се комплетира синоќа со мечот во кој Бразил со 2:0 ја победи Србија. Интересна е статистиката во досегашните 16 меча на планетарниот собир. Беа постигнати вкупно 41 гол, што во просек е 2,56 погодоци на меч. Шестмина играчи досега постигнаа по два гола на еден натпревар (Енер Валенсија, Букајо Сака, Оливие Жиру, Мехди Тареми, Феран Торес и Ришарлисон).

Од сите средби кои се одиграа, на два имаше неверојатни изненадувања. Првото беше победата на Саудиска Арабија против Аргентина со 2:1, а второто го направи Јапонија, која со истиот резултат славеше над Герамнија. И во двата случаи, фаворитот водеше на полувреме, а на крајот загуби, што значи дека дуелите беа „кец во два“ со обложувачки речник. Тоа се најголемите коефициенти во обложувањето, а со огроми коефициенти беа и двата меча на кои имаше 7+ погодоци. Англија со 6:2 го победи Иран, а Шпанија ја растури Костарика со 7:0.

На половина од средбите, односно осум дуели на полувреме беа без ниту еден погодок. Дури 10 меча на крајот завршија со 0-2 погодоци, а само шест беа со 3+ голови. Досега немаше ниту еден автогол, ниту погодок од слободен удар.

Судиите лесно покажуваат на белата точка и досега имаше осум пенали, односно на секој втор меч имаше најстрога казна. Шест пенали беа реализирани, а два беа утнати. Додека лесно се покажува на пенал, арбитрите во првото коло не исклучија ниту еден фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести