Два шпански прволигаши денеска ги сменија тренерите

Леванте го разреши тренерот Пако Лопес, а истиот чекор го следеше и Хетафе, па и мадридскиот клуб му даде отказ на досегашниот тренер Мичел. Лопес и Мичел се првите тренерски жртви во Шпанија сезонава.

Леванте се реши на тежок чекор, го смени својот популарен тренер Лопес, но тимот нема ниту една победа во првите осум кола, има по четири победи и ремија, недоволно за Лопес да остане на клупата. Лопес беше тренер од март 2018, клупски рекордер е по бројот на прволигашки победи, но поразот од Мајорка викендов му ја запечати судбината. Се шпекулира дека неговиот наследник веќе е познат, но името ќе биде тајна додека не се официјализира договорот.

Хетафе е последен на табелата само со 1 бод во осум кола, па Мичел немаше шанса да остане тренер. Кике Санчес Флорес е фаворит за преземање на тренерското место во Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести