Два црвени картони и три примени голови за Скопје во дуелот со Тиквеш

Тиквеш го победи Скопје со 3-0 во дуел на два тима кои се борат за опстанок во прволигашкото фудбалско друштво.

Работата на кавадарчани им беше олеснета во 31 минута кога Димов од Скопје доби втор жолт картон, па тимот од Автокоманда продолжи да се брани со човек помалку. Нгоба Барга даде два гола и стигна до бројка од 7 погодоци сезонава, па беше човек на одлука.

Точка стави Ризов во 88-ма минута, а неколку минути претходно уште еден играч на Скопје беше исклучен.

Сега Тиквеш и Скопје имаат по 21 бод. Зад нив се само Борец со 13 и Пелистер со 6 бода, а пред нив е Работнички со 28.

- Оглас -

Најнови вести