Двајца македонски репрезентативци за противник може да добијат еден од Манчестер јунајтед, Арсенал, Милан, Рома, Тотенхем…

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб денеска ќе го чекаат следниот ривал во нокаут-фазата од Лигата на Европа. Двајцата македонски репрезентативци синоќа го одиграа целиот меч против Краснодар во победата од 1:0, со што само го потврдија пласманот во 16-финалето на второто по ранг натпреварување во Европа.

Денеска од 13 часот ќе биде ждрепката, а Динамо може да добие кој било од останатите 15 екипи кои останаа во натпреварувањето. Во трка за трофејот во Лигата на Европа остауваат три поранешни европски прваци, и тоа Манчестер јунајтед, Ајакс и Милан. Тука се и англиските премиерлигаши Арсенал и Тотенхем, но и Динамо Киев, Гранада, Молде, Олимпијакос, Ренџерс, Рома, Шахтар Донецк, Славија Прага, Вилјареал и Јанг бојс.

Првите мечеви во осминафиналето се играат на 11 март, а реванш-дуелите се закажани за 18 март.

 

- Оглас -

Најнови вести