Македонија го одработи официјалниот тренинг во Сараево, а нашите фудбалери имаа интересна посета. На тренингот се појави Зоран Мамиќ, кој беше спортски директор на Динамо Загреб во периодот кога Гоце Седлоски беше тренер на втората екипа на „модрите“.
Двете легенди на Динамо Загреб имаа кус разговор, а Мамиќ во моментов ја има улогата на спортски советник во ФК Сараево.



