Две ремек-дела, кој гол е поубав, на Ачерби или на Мунијаин? (Видео)

Франческо Ачерби и Икер Мунијаин постигнаа два еврогола за своите клубови, Лацио, односно Атлетик Билбао, а нивните бомби ја кренаа на нозе публиката на „Олимпико“ во Рим и на „Сан Мамеш“ во Билбао.

Тешко е да се процени кој погодок е поубав, а и двете изведби од огромна далечина беа фудбалски ремек-дела.

Ачерби го постигна првиот гол во победата на Лацио против Торино со 4:0, а голманот на гостите Сиригу не ни мрдна, па само со поглед го испрати проектилот на Франческо, кој заврши зад неговиот грб.

https://www.youtube.com/watch?v=V77txy9t57g

Ачерби имаше многу проблеми во кариерата откако му беше дијагностициран рак на тестисите, но, за среќа, успеа да му се врати на фудбалот, па дури стигна и до дресот со национални обележја на Италија и играше за четирикратните светски прваци петпати, последен пат минатиот месец против Финска во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

И Икер Мунијан доживеа многу непријатности со повредите во текот на својата кариера, а беше еден од најголемите таленти на шпaнскиот фудбал. Вчера постигна фантастичен гол, вториот од двата што му ги даде на Еспањол, а ударот од далечина се заби во аголот во кој се наоѓаше Диего Лопес, но голманот на гостите не можеше да ја одбрани бомбата на Икер.

https://www.youtube.com/watch?v=tNVJQqN-WtM

 

- Оглас -

Најнови вести