Две топки на терен, ВАР го нема да реагира, голот е регуларен (Видео)

Аталанта ја победи Верона со 3:2, па катастрофалната грешка која ја направија судиите, а не ја исправи ВАР системот нема да направи поголема штета. Верона поведе со голот во 23 минута, а беше постигнат по една нерегуларна ситуација.

Беше досуден аут за гостите, Фараони ја зема топката за да го изведе аутот, а во исто време со топка во рацете на теренот беше и Рахмани. Иако во таква ситуација кога има две топки на теренот и тоа во рацете на фудбалерите, судијата не треба да дозволи играта да продолжи, но овојпат тоа не се случи.

Верона даде гол за водство од 1:0, а ниту ВАР системот не реагираше да го поништи погодокот. Целата ситуација може да ја видите на видеото по 30-тата секунда.

 

- Оглас -

Најнови вести