Две третини од прогнозерите веруваат дека Севилја ќе победи тим кој има 11 бода повеќе

Сабота 14 часот е крајниот термин до кој може да типувате на паровите од осмото коло на популарната и бесплатна Спортска прогноза, која од коло во коло има сè повеќе учесници.

Сè што ви треба е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија како да се стигне до максималните 13 погодоци. Со 13 погодоци бирате дали сакате да добиете Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет или X Box Series X.

Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и утките, па за промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за една утка, наградата е ваучер од 1.000 денари.

Во фокусот во ова коло се неколку дерби-натпревари, особено оние од Серија А и од Премиер лигата. На „Сан Сиро“ ќе играат Милан и Јувентус, а засега, според процентите учесниците во осмото коло на Спортска прогноза, фаворит е Милан. Победа на Росонерите чекаат 43 отсто од прогнозерите, а за победа на Јуве се изјасниле 17,5 проценти.

За дуелот на Арсенал и Ливерпул, домаќините се фаворити според досега пристигнатите прогнози. За триумф на Топчиите типувале 46,9 отсто, а за победа на гостите 28,5.

Севилја има нов тренер и можеби затоа 62,6 отсто од играчите мислат дека тимот од Андалузија конечно ќе се разбуди и ќе го победи Атлетик Билбао. Баскијците се трети на табелата и имаат 11 бода повеќе од Севилја во моментов, но само 14,9 отсто веруваат во „двојка“ како конечен тип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести