Две ѕвезди на Челзи кариерата ќе ја продолжат во Саудиска Арабија

Хаким Зијех и Едуард Менди од екипата на Челзи се селат во Саудиска Арабија ова лето. Репрезентативецот на Мароко, Зијех, ќе му биде нов соиграч на Кристијано Роналдо во Ал-Наср, додека голманот Менди ќе го чува голот на Ал-Ахли.

Двајцата во Челзи пристигнаа во 2020-тата година и имаат активни договори со клубот од Лондон. Во моментов не е позната висината на обесштетувањето кое ќе го добие Челзи, но според светските медиуми, договорени се сите детали и се очекува само официјален потпис.

- Оглас -

Најнови вести