Двете лица на Валенсија

Рајо Валјекано со 2-0 славеше против Валенсија во мечот од 31-то коло во Ла Лига, триумф кој им ги врати надежите за опстанок во шпанската елита. Денеска се виде втората страна на Валенсија, онаа полошата. Пред неколку дена го победија големиот Реал Мадрид (2-1), а сега претрпеа разочарување против една од послабите екипи во шанското првенство.

Еден од хероите во дуелот против Кралевите, капитенот Дани Парехо, можеше да донесе предност за „лилјаците“ во 28-та минута, но неговиот обид од белата точка го пречи голманот Гарсија, кој денес доби шанса да брани пред македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Потоа следуваше казна, Де Томас само пет минути подоцна заби за 1-0 во корист на Рајо, а Суарес во првата минута од судиското надополнување ги постави конечните 2-0.

Рајо Валјекано и натаму е на 19-тото место на табелата со 27 бода, но овој триумф сега ги донесе на три бода од сигурната зона. За Валенсија пак, ова беше петто разочарување во Ла Лига и останаа на петтата позиција со 46 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести