Двоен зијан за Аргентина, во поразот од Венецуела се повреди Меси

Лионел Меси го одигра целиот меч со Венецуела во шокантниот пораз на Аргентинците од 1:3, но по пријателскиот меч во Мадрид се пожали на болка во препоните.

Меси сигурно нема да игра на следниот пријателски меч за Аргентина, против Мароко во вторник на гостински терен.

Поради повреда против Венецуела на „Ванда Метрполитано“ не играше Анхел Ди Марија, а во Тангер во Мароко покрај Меси нема да настапи и Гонзало Мартинес, кој исто така има проблеми, но со бутниот мускул.

Тоа се нови дополнителни проблеми за селекторот Лионел Скалони, кој и онака има со фудбалската јавност во Аргентина, по за нив срамниот пораз од Венецуела.

 

- Оглас -

Најнови вести