Двоецот што ја донесе победата над Барселона, повторно погоди за нова радост на Реал Мадрид

Реал Мадрид стигна до деветтата победа во 10-тото коло на шпанското првенство откако без многу мака со 3:0 славеше на гостувањето кај Елче. Освен трите гола, Кралевите постигнаа уште три погодоци, кои беа поништени поради офсајд-позиции.

Првиот гол кој беше регуларен го даде Федерико Валверде во 11-тата минута, а Карим Бензема погоди во 75-тата минута за 2:0 и ставање крај на сите дилеми околу победникот. Интересно е дека овие двајца фудбалери ги постигнаа првите два гола и во големото дерби против Барселона само пред три дена.

Нешто слично како на „Ел Класико“, Реал Мадрид третиот гол го даде во финишот на дуелот, а овојпат се радуваше Марко Асенсио по додавање на Родриго.

- Оглас -

Најнови вести