Двојна радост за навивачите на Далас: Прво беше откриена статуата на Новицки, а потоа Дончиќ ги растури Лејкерси (Видео)

Навивачите на Далас маверикс имаат причини за задоволство бидејќи во главните улоги пред и за време на дуелот со ЛА Лејкерс, беа актуелната и поранешната ѕвезда на екипата, Лука Дончиќ и Дирк Новицки.

Пред натпреварот, пред „Американ ерлајнс центарот “ беше откриена статуата на Дирк Новицки. Заштитниот знак на Германецот, шутот со скок наназад (фејд-авеј) е основниот мотив на статуата на која е испишана и реченицата „Верноста никогаш не избледнува“.

Откако го поздравија откривањето на статуата на најдобриот кошаркар во клупската историја, навивачите потоа го следеа шоуто на актуелната ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ кој беше најзаслужен за победата од 124:115 над ЛА Лејкерс. Клучен момент за триумфот беше третата четвртина во која кошаркарите на Далас дадоа дури 51 поен. Дончиќ натпреварот го заврши со 32 постигнати поени и по 9 скокови и асистенции, а одлична помош имаше од Кристијан Вуд кој даде 30 поени.

Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, не успеа НБА рекордот да го прослави со победа. Имено, Џејмс вечерва стана кошаркар кој одиграл највеќе натпревари на Божик, 18 и го надмина Коби Брајант кој 17 пати во минатото играше во Божик.
Слаба утеха за Џејмс е тоа што беше најпрецизен играч на средбата со 38 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести