Е ова е легендарно – Во Менхенгладбах се плаќа за картонски лик на трибините

На фудбалерите на Борусија Менхенгладбах ќе им биде удобно да играат и пред празни трибини во продолжението на Бундеслигата од 9. мај, а за тоа се погрижија неверојатните симпатизери на клубот.

Околу 2 илјади навивачи веќе си изработија и си платија за картонски транспаренти со нивните ликови да бидат присутни на трибините на „Борусија Парк“, а акцијата станува масовна со најава за уште најмалку шест илјади симпатизери што на овој начин сакаат да бидат присутни на мечевите на својот миленик.

Цената не е објавена, но е оригинална, иако и досега имаше идентични акции и во белоруското првенство кое е во тек, но таму беа истакнати картонски ликови со амблемот на различни клубови.

Борусија до прекинот на првенството е на четвртата позиција со 49 бода, шест помалку од лидерот Баерн Минхен, па ќе видиме дали ваквата духовита акција на симпатизерите може да им помогне да се обидат да направат подвиг во трката за титулата во преостанатите девет кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести