Е ова е подршка: 15.000 навивачи на тренингот на Валенсија (Фото)

Фудбалерите на Валенсија по кратката пауза поради божиќните празници, повторно се вратија на тренинзите пред продолжението на шпанската Ла Лига. Тренингот беше отворен за гледачите, а сите останаа изненадени кога на трибините се појавија 15.000 навивачи.

Валенсија забележа победа од 1-0 над Рајо Ваљекано на последниот натпревар пред Божиќ, со што беше прекината серијата од пет меча без победа. Раководството на Валенсија веднаш се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на навивачите за големата поддршка.

- Оглас -

Најнови вести