Е ова е тикет за респект – Гевгелија има велемајстор за обложување на аутсајдери, си ќари 1.600 евра

СУПЕР ТАКТИКА – ОДИГРА ДВОЈКИ ВО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ НА АПСОЛУТНИ АУТСАЈДЕРИ, НА КОНТОТО ЛЕГНАА 100 ИЛЈАДАРКИ

Обложувач во Гевгелија одиграл многу мудро и храбро тикет со четири пара кошарка и на сите погодил дека апсолутните аутсајдери ќе го добијат второто полувреме со високи коефициенти во обложувалниците на Sport Life.

Со влог од 200 денари само на четири пара, добивката е одлична и изнесува 100.472 денари.

Резонот и тактиката се покажаа како одлични на три од четирите дуели со многу мали коефициенти за победа на составите што беа фаворити.

Предноста на полувреме може да ги опушти екипите да одиграат малку порелаксирано, што и се случи на дуелите меѓу Лос Анџелес лејкерс против Атланта хоукс, на дуелот меѓу Чехинките и Романките и на мечот меѓу Нови Пазар и Војводина во Србија. На сите три меча коефициентите за конечен кец беа многу мали и фаворитите го добија првото полувреме, но во Гевгелија се чекаа двојки во второто полувреме и планот испадна перфектен.

Само дуелот меѓу Басконија и Фуенлабрада донесе изненадување и пораз на домаќинот на коефициент 1.05, но и тука гостите беа подобри и во продолжението на мечот во второто полувреме, па фатена е двојка со квота 4.45.

Мајсторски одиграно, со многу храброст, но и одличен резон во Гевгелија.

ОХРИДСКА ДЕВЕТКА ВРЕДНА 3.000 ЕВРА

И обложувачот што уплатил тикет со девет парови во обложувалницата на Sport Life на пазарот во Охрид има многу причини за радост.

Осум точни типови се на фудбалски мечеви, а шлаг на тортата и на добивката од 180.447 денари за стотче е погодениот комбиниран тип на НБА-дуелот меѓу Милвоки бакс и Чикаго булс.

Јанис Адетокумбо и Ерик Бледсо одиграа маестрално за Бакс, заедно постигнаа 69 поени, а Милвоки победи со 124:115, таман за да биде точна прогнозата на охридскиот тикет одигран со единица и повеќе од 229.5 поени (1&>229.5).

 

- Оглас -

Најнови вести