Е ова е „второ поголемо од прво“ – Силва има повеќе голови на 10 меча за Челзи отколку за три сезони во ПСЖ (Видео)

Тијаго Силва погоди во вистински момент, во 10-тата минута, непосредно по повредата на Бен Чилвел, кој беше заменет, а Челзи веќе го калкулира големиот бенефит од ангажманот на Бразилецот.

Искусниот стопер веќе постигна два гола за клубот од Лондон само во 10 меча, колку што одигра во првата сезона за Челзи и успеа да си го надмине ефектот од последните три години во Пари Сен Жермен, период за кој постигна само еден погодок за Светците од Париз.

Типично за него, Силва погоди со моќен скок и удар со глава по корнерот што го изведе Мејсон Маунт.

https://twitter.com/Soldier_Cruise/status/1341116293009858562?s=20

Потоа во финишот се истакна и Тами Абрахам со два гола во рок од само 120 секунди, па Челзи со победа од 3:0 против Вест хем ја прекина мини-серијата од два порази.

 

- Оглас -

Најнови вести