Е, ова не сме го виделе, во Холандија можеби ќе прогласат два шампиона!

Холандската влада забрани какви било спортски натпревари во државата до 1 септември и стана јасно дека фудбалското првенство, популарната Ередивизија, нема да може да заврши. Оваа одлука донесе големи главоболки во Холандската фудбалска федерација.

Покрај тоа, УЕФА побара истрајност и да не се прекинуваат првенствата, додека постои и минимална можност тие да се доиграат. Белгиската федерација неодамна ја поништи одлуката за прекин и да го прогласи Клуб Бриж за шампион. Најавено е дека челниците на Холандската фудбалска федерација ќе разговараат со УЕФА и потоа ќе ја донесат конечната одлука. По одлуката, веднаш почнаа шпекулации дека Ајакс како моментен лидер на табелата ќе биде прогласен за првак, но дали тоа би било праведно?

Ајакс и АЗ Алкмар имаат еднаков број бодови, по 56, еднаков број победи, порази и ремија, а амстердамскиот тим е прв поради подобра гол-разлика. Интересно е што АЗ ги доби двата меѓусебни дуели со Ајакс. До крајот останаа уште девет гола во кои сите опции се отворени. Пред прекинот, АЗ беше во налет, а Ајакс во пад на формата.

Затоа се појави и чуден предлог, титулата да им се додели и на Ајакс и на АЗ Алкмар. Тоа би било прв ваков случај во историјата на фудбалот, но веќе ништо не може да нè изненади.

- Оглас -

Најнови вести