Е ова вреди за историја – со четири нули Богдановиќ стаса до рекорд во НБА

Бојан Богдановиќ имаше само една цел на мечот против Атланта хоукс, да постигнува поени, а тоа го правеше неверојатно добро и успеа да стаса и до запис во историската книга на НБА лигата.

Постигна 35 поени и е првиот кошаркар што уфрлил 25, или повеќе поени, а притоа да нема ниту еден скок, асистенција, блокада, или украдена топка.

Со четири статистички нули, но и одлична претстава во офанзивниот дел, Бојан е единствениот кошаркар со ваков учинок од сезоната 1973/74, кога за првпат во НБА лигата почнаа да се бројат блокадите и украдените топки.

Сличен учинок како популарниот „Бабо“ имаше Алан Хјустон во 2000 година. Како играч на Њујорк никс и Хјустон постигна 35 поени и немаше ниту една асистенција и скок, но запиша блокада и имаше и украдени топки, за разлика од Богдановиќ.

Јута ја победи Атланта со 128:126 и ја забележа шестата победа по ред, во ноќ што ќе се памети по уникатниот учинок на Бојан Богдановиќ.

- Оглас -

Најнови вести