Еден Азар со критики за ВАР: „Комплетно би го укинал!“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Челси, Еден Азар, го критикуваше ВАР системот. Некогашниот белгиски репрезентативец во разговор за телевизијата „RTBF“ изјави дека би го отстранил ВАР од фудбалот.

„Има некаква магија во тоа што фудбалот понекогаш е неправеден. Дури и кога ни е тешко да ја прифатиме таа неправда како играчи или навивачи, кога работите ќе се свртат против нас. ВАР е убиец на емоциите. Го гледав брат ми Торган на натпреварот против Левен. Еден играч постигна фантастичен гол, но мораше да чека пет минути за да го прослави. Тоа навистина не ми се допаѓа. Би го тргнал ВАР целосно од фудбалот“, изјави Азар.

Еден Азар ја заврши својата кариера во летото 2023 година, а настапуваше за Лил, Челси и Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести