Ал Наср го победи Шабаб Ал Ахли од Дубаи со 2-1 во меч од Купот на земјите од арапскиот залив, а водечкиот гол за тимот од Обединетите Арапски Емирати го даде 34-годишниот шпански напаѓач Алваро Негредо, кој погоди после само 6 секунди игра. Судијата означи почеток на натпреварот, а Ал Наср изведе увежбана акција која заврши со гол на Негредо, шокирајќи ги противниците кои лошо реагираа во одбраната.
Негредо кој е поранешен играч на Реал Мадрид, Севилја, Манлестер сити, Валенсија, Бешикташ, во кариерата има дадно речиси 500 голови, но овој му е најбрз.
https://www.youtube.com/watch?v=7O0Ay9YiK4M